Арманд Aсанте падна на шармот на новинарката Тања Трајковска

Тања Трајковска, познатата телевизиска новинарка, се пофали на социјалните мрежи дека актерската ѕвезда Арманд Aсанте (68) ѝ ветил дека ќе дојде во Скопје. Тања и Асанте деновиве се сретнале на островот Хвар во Хрватска. Но, ова не е нивна прва средба, туку пред 20 години таа имала можност да му направи интервју во Будимпешта, додека го реализирала проектот „Европа на дланка“ на ТВ Телма.

Актерот ѝ рекол дека планира да дојде и во Скопје за потребите на документарниот филм на кој работи, со познатиот хрватски продуцент и режисер Бранко Лустиг. Документарецот е посветен на протерувањеето на Евреите од Хрватска за време на Втората светска војна. За потребите на документарецот ќе се снимаат и сцени во Скопје.