Атиџе запеа на сцената, стоечки овации за медената шаманка

Атиџе Муратова запеа песна и доби стоечки овации на вечрашната „Златна Бубамара на популарноста“ во А1 Арената. Со неа се појави и екипата од „Медена земја“ , семејството на Љутфие Сам, режисерката Тамара Котеска и кинематографот Фејми Даут.

„Не добивме Оскар во Америка, но добивме македонски Оскар“, рече Фејми Дут кога ја прими наградата за интернационален успех.

„ Светот се измори од лажни херои“, додаде Котеска и порача дека наклонетоста на целиот народ кон Атиџе и семејството од филмот е знак дека луѓето сакаат вистински херои. Како херои, медените беа пречекани во Арената.

Текстот Атиџе запеа на сцената, стоечки овации за медената шаманка е превземен од Reporter.mk.