Ауди прави клучна пресвртница кон електричната мобилност

Нова ера започнува во Ауди. Oфицијално започна серијата на производство на електрични мотори. Симболично, фабриката за производство беше отворена од Péter Szijjártó, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Peter Kössler, член за производство и логистика во бордот за менаџмент и Achim Heinfling, управен директор на Ауди Унгарија.

„Со почетокот на производство на електрични мотори, Ауди моментално се движи во комплетно нов правец, поставувајќи го Győr како главен производител на електрични мотори кој ја отелотворува нашата стратешка трансформација како овозможувачи на одржлива мобилност“, изјави Peter Kössler, член за производство и логистика во бордот за менаџмент.

„Ауди ја зазема пионерската улога во производството на електрични мотори. Горд сум на високото ниво на мотивација и експертиза на нашите вработени. Тие успешно и со голема посветеност го започнаа производството на новиот електричен мотор“, изјави и Achim Heinfling, управниот директор на Ауди Унгарија.

Првите електрични мотори произведени од Ауди ќе бидат употребени во првотоелектрично возило на Audi – E-Tron кој ќе биде произведен во Ауди фабриката во Брисел. За производството на електричните мотори, Ауди имплементира иновативната опрема и машини во својата фабрика за само една година. Со цел да се развие производството во вистински правец, одделите за развој и производство на електричните мотори на Ауди се одлучија за соработка со технолошкиот центар за производство во Győr.

Паралелно со објектот за производство, Ауди инсталира тест клупи за електрични мотори во одделот за развој, кои се користат за тестови и континуирани истражувања. Вработените беа подложени на обука со цел да станат електрични експерти во технолошкиот центар за производство на електрични мотори.

Текстот Ауди прави клучна пресвртница кон електричната мобилност е превземен од Reporter.mk.