Баерн го комплетираа трансферот на голманскиот „касап“ Нубел

Баерн Минхен потврдија дека потпишале договор со голманот на Шалке, Александер Нубел со слободен трансфер, со што 23-годишниот Германец би требало да биде наследникот на Мануел Нојер на голот на Баварците. Нубел ќе се приклучи на Баерн по крајот на договорот со Шалке на крајот на сезоната 2019/20.

Нубел потпиша петгодишен договор со шампионите од Бундеслигата, каде што ќе се пресели на 1 јули. Тој дебитираше во Бундеслигата како 19-годишник, и иако во првите три години имаше само неколку настапи во 2018/19 беше поставен за голман број 1 од страна на тренерот Доменико Тедеско, заменувајќи го долгогодишниот голман Ралф Фарман.

На почетокот на оваа сезона, новиот тренер Давид Вагнер го постави Нубел за капитен на клубот со само 22 години и 20 бундеслигашки настапи, но Шалке во декември потврдија дека тој нема да го продолжи договорот.

Нубел во моментов отслужува суспензија од четири меча за страшниот фаул над фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Мијат Гаќиновиќ.

Брутален старт на голманот на Шалке (Видео)