Бајага: Во автобус во Земун почна љубовта со Ема

Српскиот пејач Момчило Бајагиќ- Бајага ретко кога зборува за приватниот живот и ретко се појавува во јавноста, освен ако не е некој музички повод. Но речиси сите знаат за неговата најголема љубов Ема, со која е во брак од 1989 година.

Момчило и Емилија пред да се земат се забавувале седум години. Една година подоцна им се роди синот Марко, а осум години подоцна и ќерката Анѓела.

Бајага секогаш кажувал дека Ема е создадена за него бидејќи имала разбирање за неговата работа. Дека иако славен, таа секогаш знаела како да се носи со тоа. Љубовната приказна на Бајга и Ема почнала во еден автобус во Земун, а другото е историја, вели позантиот пејач. Тој јавно кажува дека речиси сите песни и ги посветил на својата сопруга. И во екот на неговата популарност, а и денес, неговата сопруга е негова потпора и иако не сака јавно да се зборува за неа, таа секогаш е ногавта поддршка и на јавни настани.

Текстот Бајага: Во автобус во Земун почна љубовта со Ема е превземен од Reporter.mk.