Барбара Палвин наместо Лима во „Викторија сикрет“

Барбара Палвин (22), која е новиот ангел на „Викторија сикрет“. Таа ќе  ја замени Андријана Лима, која си заминува од „Викторија сикрет“. Палвин е препознатлива по нејзината насмевка, но и по тоа што секогаш се појавува со многу малку шминка на себе. Со мода се занимава од 13 години. Таа се појавила на ревиите на Шанел, Миу Миу, Луј Витон, насловни страници и едиторијали за славните списанија, потоа добила актерска улога во епскиот спектакл Херкулес. Сепак, пресуден момент во нејзината кариера е ревијата на Прада, по која станала заштитно лице на L’Oreal Paris.

Текстот Барбара Палвин наместо Лима во „Викторија сикрет“ е превземен од Reporter.mk.