Бекамови за ќебенцето на нивното куче потрошиле 4600 долари

Семејството Бекам му купиле ќебенце на својот миленик Луј Витон во вредност од 4600 долари. Дејвид и Викторија очигледно сакаат нивното куче да живее на висока нога, па се решиле да му купат брендиран покривач.

Познатата модна креаторка Викторија, на социјалните мрежи објавила фотографија од нејзиниот сопруг како спие во прегратка на Олив. Двајцата се покриени со скапоцена ткаенина.

Велат дека Витон им е како член во семејството, па сакаат и за него да го одврзат ќесето.

„Попладневна дремка со тато“, напишала Викторија на фотографијата.

Ваквиот потег судејќи според коментарите на нивните фанови, не наишол на воодушевување и пофалби. Бекам и Викторија биле осудени поради својата расипаност, иако имало и такви кои застанале во нивна одбрана.

Познато е дека Дејвид и Викторија сакаат да трошат на луксуз, па за неодамнешната божиќна прослава потрошиле неколку десетина илјади долари. Особено ставиле акцент на огнометот во кој посебно уживале нивните деца.

 

Текстот Бекамови за ќебенцето на нивното куче потрошиле 4600 долари е превземен од Reporter.mk.