Бијонсе и Џеј Зи ги охрабруваат фановите да бидат вегани

Откако станале родители, познатата светска музичка двојка Бијонсе ѝ нејзиниот сопруг Џеј Зи, водат сметка за своето здравје, а сега настојуваат да ги охрабрат и своите фанови на здрав животен стил во исхраната базиран исклучиво на намирници со билно потекло, велат нивни блиски пријатели.
Бијонсе и Џеј Зи се еден од најмоќните парови на светот. Сега своето влијание го користат за промоција на веганството во рамки на познатиот предизвик Veganuary. Славната двојка е во предоговор за промоција на книгата The Greenprint, книга во која го објаснуваат влијанието на веганството и како тоа влијае врз нивните животи.
„Децата ги променија нашите животи. За здравјето размислувавме исто како за исхраната. Нешто делуваше, а нешто не. Кога на здравјето почнавме да гледаме како на вистината, ни стана важно тоа да го споделиме со поглем број на луѓе. Сакавме нашата мисија да стане еден вид на движење“, велат Бијонсе и нејзиниот сопруг.
Во март 2018 година, Бојонсе во текот на подготовките за настап на фестивалот Coachella, зборуваше за веганството и ги повика фановите да им се приклучат во 22 дневниот предизвик.

Текстот Бијонсе и Џеј Зи ги охрабруваат фановите да бидат вегани е превземен од Reporter.mk.