Били Ајдол требало да го глуми негативецот во Терминатор 2

Главната улога во еден од најпопуларните филмови на сите времиња „Терминатор 2“ ја имаше Арнолд Шварценегер, кој го глумеше добриот терминатор. Улогата на негативецот, терминатор Т-1000, му беше доделена на Роберт Патрик.

Сепак како што открива самиот Патрик, улогата за терминатор Т-1000 кој во филмот игра улога на робот составен од течен метал, на почетокот била наменета за прочуениот рокер Били Ајдол.

„Били бепе првата желба на режисерот Џејмс Камерон“, открива Патрик..

Но сепак Били не можел да ја прифати улогата, затоа што во тие моменти доживеал сообраќајна незгода и се здобил со скршеница на ногата.

Оваа информација ја открил во едно свое интервју самиот Роберт Патрик, кој на крајот бил избран за улогата на терминатор Т-1000.

„Како што самиот сватив на почетокот Бил Ајдол бил подготвен за улогата на терминатор Т-1000. Можам да кажам дека го видов ликот на Били кога отидов кај Стен Винстон (човекот кој рабтел на специјалните ефекти во филмот „Терминатор 2“). За жал Били имал сообраќајна незгода додека возел мотор и доживеал скршеница на ногата, така што физички не можел да го направи тоа што било барано од него за улогата“, изјавил Роберт Патрик.