Бившата на Кајмакоски е најубава жена во карантин

Кристина Димитријевска (24) од Тетово е избрана за најубава жена во карантин во светот! Таа учествуваше на изборот Мис карантин 2020 што вчеравечер се одржа онлајн. Кристина беше избрана за Мис во конкуренција на 15 девојки кои беа избрани од 250 пријавени девојки од 50 земји во светот.

Ова е првиот избор онлајн, кој се случи заради коронавирусот. Изборот „Мис карантин на светот“ беше во организација на Gecjan Fashion Group од Приштина, а коорганизатори на овој необичен избор беа и модното студио „Црнокрак“ од Македонија и Tugce Sarykaya Dagistan од Република Турција. Меѓу членовите на жирито беше и Мики Црнокрак, еден од организаторите на изборот.

Ова е нова победа за поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски. Таа доби туитули и на Мис Глоуб и Мис Балкан во 2019 година.

За потсетување, освен Кристина, на изборот се натпреваруваше уште една девојка од Македонија,  16-годишната Бисера Цуцулова од Скопје.

Текстот Бившата на Кајмакоски е најубава жена во карантин е превземен од Reporter.mk.