Близнаците на Мадона наполнија 6 години

Со крофни наместо торта, близначите Стела и Естре кои Мадона ги посвои од Малави, наполнија 6 години. Таа на својот инстаграм-профил објави неколку видеа од нивниот роденден. Не едното од видеата девојчињата дуваат свеќички на крофните, а на другото играат заедно со нивните браќа и сестри.

Освен близначките, Мадона ја има ќерката Лурдес Леон што ја доби од врската со фитнес тренерот Карлос Леон, синот Роко што го роди од бракот со режисерот Гај Ричи, а посвои и момчето и девојче од Малави, Давид и Мерси.

Неодамна Мадона во Мароко направи голема роденденска забава за да го прослави нејзиниот 60. роденден.

Текстот Близнаците на Мадона наполнија 6 години е превземен од Reporter.mk.