Боба ѝ купи на Брена роденденски подарок од 3 илјади евра

Лепа Брена на 20 октомври ќе наполни 58 години, а роденденот ќе го  слави со концерт во „Штарк арена“.

Таа веќе го доби подарокот од нејзиниот сопруг. Според српските медиуми, Боба ѝ подарол микрофон што го имаат само осум светски ѕвезди, меѓу кои Адел, Тејлор Свифт, Питбул, Бруно Марс. Микрофонот чинел 3 000 илјади евра.

„Точно е дека од Боба добив роденденски подарок. Тој гест навистина ми значи бидејќи малкумина знаат дека тој е мојата најголема поддршка во кариерата и како сопруга многу сум му благодарна“, вели Брена.

Текстот Боба ѝ купи на Брена роденденски подарок од 3 илјади евра е превземен од Reporter.mk.