Бред и Џенифер планираат тајна венчавка во Мексико

Според светските медиуми, Џенифер Анистон и Бред Пит планираат да се венчаат. Тие, се наводно во врска веќе неколку месеци и сега сакаат пак да се венчаат, на плажа во Мексико, пишува британски „Мирор“.

„Бред во моментов најмногу сака да се скраси и да живее среќно со својата сродна душа Џенифер“, изјавил извор за британскиот таблоид.

„Мирор“ пишува и дека родителите на Бред се особено воодушевени со оваа одлука, но и дека на церемонијата ќе присуствува само најблиското семејство и неколку нивни пријатели.

„И Бред и Џенифер сакаат церемонијата да биде романтична и убава. Венчавката ќе биде духовна и тие самите ќе ги напишат своите завети“, рекол изворот.

Џенифер и Бред се вечнаа во 1998 година, а се разведоа во 2005 година. Бред потоа беше во брак со Анџелина Џоли до 2016 година, а Џенифер се омажи за глумецот Џастин Теро, но и тие се разведоа пред две години.

„Мислам дека Џенифер никогаш не престана да го сака, иако ѝ го скрши срцето и ја остави заради Анџелина Џоли. Требаше многу време за да му прости, а простувањето е голем чекор за да се продолжи понатаму“, додал изворот.

 

Текстот Бред и Џенифер планираат тајна венчавка во Мексико е превземен од Reporter.mk.