Бред Пит не добил хонорар за улогата во „Дедпул 2“

Еден од најплатените светски актери, Бред Пит, не добил ниту долар за улогата во хит-филмот „Дедпул 2“. Тој самиот одбил хонорар. Пит во филмот ја глуми улогата на Невидливиот човек, лик кој не се појавува и не зборува во филмот, а се појавува на крајот на само неколку секунди.

Идејата Бред Пит да биде Невидливиот човек ја добил Рајан Рејнолдс, кој ја глуми главната улога во „Дедпул“. Тој сакал Невидливиот човек да го глуми некој од најпознатите и најплатени глумци во Холивуд, а Пит прифатил да глуми заради пријателството со Рејнолдс.

Текстот Бред Пит не добил хонорар за улогата во „Дедпул 2“ е превземен од Reporter.mk.