Бред Пит одбил да го глуми Нео во „Матрикс“

Светската ѕвезда Бред Пит, откри дека продуцентите на „Матрикс“ му ја понудиле улогата на Нео во култниот филм, но дека тој ја одбил. Потоа, оваа улога ја доби Кијану Ривс.

„Јас навистина верувам дека таа улога не беше за мене“, рекол Бред во интервју на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара. „Не е моја. Ова е за некој друг“, им кажал Бред на продуентите кога му го дале сценариото.

„Ја вратив улогата. Ја испив црвената пилула“, се пошегувал Пит, тој алудирајќи на апчето во филмот што му овозможува на Нео (главниот лик што го глумеше Кијану) да излезе од илузорната матрица и да се соочи со реалниот свет.

Пит призна и дека ја одбил улогата бидејќи „Матрикс“ се снимал од март до август 1998 година, а во тоа време тој веќе работел на филмот „Боречки клуб“.

 

Текстот Бред Пит одбил да го глуми Нео во „Матрикс“ е превземен од Reporter.mk.