Бред Пит во љубов со Шарлиз Терон

Познатите  медиуми „Сан“ и „Дејли мејл“, објавија деновиве дека Бред Пит е во љубовна врска со холивудската  ѕвезда

Бред и Шарлиз биле заедно на проекцијата на еден филм во Холивуд, а според пипувањата, двојката ја поврзува нешто повеќе од пријателство.

Според наводите на медиумите, Бред и Шарлиз својата романса ја започнале околу божикните празници, како и дека многу време поминуваат заедно во неговата вила во Лос Фелиз, Калифорнија.

„Заедно се веќе речиси еден месес. Беа пријатели извесно време, но нештата ескалираа„ – рекол еден од изворите за американските таблоиди.

Инаку, Бред и Шарлиз се запознале преку нејзиниот поранешен партнер, актерот Шон Пен.

Текстот Бред Пит во љубов со Шарлиз Терон е превземен од Reporter.mk.