Бремената комичарка Ејми Шумер вели дека Меган Маркл ѝ е ривал

Познатата комичарка Ејми Шумер (37) не е задоволна од тајмингот на својата бременост. Во очекување на новото кралско бебе, кое треба да пристигне напролет, Ејми падна во втор план и ја прогласи Меган Маркл (37) за ривал.

„Зошто ми е непријател? Затоа што таа е бремена во исто време како и јас. Нема да дозволам да се извлече со тоа“, во свој стил рекла Шумер.

Веќе некое време Ејми објавува споредби со војвотката од Сасекс бидејќи.

„Таа има мало стомаче, носи високи потпетици и изгледа одлично. Јас веќе изгледам како да сум во 10. месец од бременоста – објаснува комичарката, која отиде толку далеку што на својот инстаграм-профил објави исечена фотографија на Меган опишувајќи ја како да се работи за неа самата.

Нејзините следбеници ја разбраа шегата. Додека Маркл го покажува целиот гламур на кралската бременост, Шумер се сврте кон хумористичните описи на сите оние непријатни труднички искуства. Сепак, таа сè уште настапува.

Комичарката оваа година се омажи за познатиот готвач Крис Фишер (38), со кого го очекува првото дете.

Текстот Бремената комичарка Ејми Шумер вели дека Меган Маркл ѝ е ривал е превземен од Reporter.mk.