Брена не ја покани Карлеуша на свадба

Српската пејачка Јелена Карлеуша не беше поканета  на свадбата на Александра и Филип  Живојиновиќ. Српските медиуми сепак, ја прашаа Карлеуша што мисли за свадбата на годината. Јелена јавно им упати честитка.

-Им честитам од срце и им порачувам љубоморно да ја чуваат својата љубов и да се борат за својата љубов и брак. И од срце им посакувам едно бебе што побрзо- рекла Јелена во емисијата Гламур.