Бритни Спирс со момчето како во сцена од „Титаник“

Пејачката Бритни Спирс ужива на јахта со своето 25 годишно момче Сем Асгари. Папараците ги снимиле двајцата како ја копираат сцената од филмот „Титаник“, со Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет. 37 годишната пејачка носела жолто-црно бикини.

Бритни Спирс во моментов прави пауза од музичката кариера. Пејачката неодамна излезе од психиијатриска болница, а во јавноста актуелна е борбата со нејзините татко кој е нејзин старател на кого судот му дал обврска да води сметка за нејзиното здравје.

Откако пејачката доживеа нервен слом пред десет години, нејзиниот татко Џејми е задолжен и за целиот нејзин имот. Но, во договорот за грижа, Џејми немал право и овластување да ја смести пејачката во установа или да ѝ дава дрога без нејзина согласност. Спирс неодамна им порача на фановите дека е способна самата да се грижи за себе.

Текстот Бритни Спирс со момчето како во сцена од „Титаник“ е превземен од Reporter.mk.