Бритни Спирс: Татко ми ме тераше да се дрогирам, па ме смести во установа

Поп-пејачката Бритни Спирс изјавила пред судот дека нејзиниот татко Џејми ја терал да се дрогира, а потоа ја ставил во установа за ментално здравје против нејзина воља, пренесува британски „Сан“.

Откако пејачката доживеа нервен слом пред десет години, Џејми е задолжен за целиот имот на неговата ќерка. Но во договорот за грижа, Џејми немал никакво право и овластување да ја смести пејачката во установа или да ѝ дава дрога без нејзина согласност.

Пејачката на судијата му кажала дека нејзиниот татко пред месец дена ја натерал да оди во установа за ментално здравје. Нејзината мајка Лин ги негирала ваквите наводи.

Светските медиуми повикувајќи се на извори блиски до пејачката, пренесуваат дека Бритни престанала да конзумира лекови кои ја држеле под контрола и го нормализирале нејзиното однесување.

Таа сега побарала поголема слобода, но судијата тоа не го одобрил. Пејачката прво треба да биде оценета од експерт пред да биде донесена каква било одлука. Минатиот месец обожавателите на пејачката покренаа кампања #Free Britney, преку која се обидуваат да докажат дека таа е под контрола на својот татко без никаква потреба.

Пејачката на социјалните мрежи редовно ги известувала фановите дека заздравува, а во една прилика објавила и дека вежба јога. Нејзините фанови биле убедени дека таа не ја напишала објавата.

„Бритни никогаш не остава простор меѓу речениците, само вие продолжете да не убедувате дека таа го напишала тоа“, бил еден од коментарите.

Текстот Бритни Спирс: Татко ми ме тераше да се дрогирам, па ме смести во установа е превземен од Reporter.mk.