Цеца и Анастасија во бели капути на модна ревија во Белград

Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка Анастасија присуствуваа на моден настан во Белград. Двете во елегантен стил се појавија на ревија на бунди. Фолк-пејачката и нејзината ќерка се прошетаа држејќи се за раце, а двете се решија за овој настан да облечат бели костуми.

И Цеца и Анастасија беа во центарот на вниманието на настанот и расположено позираа пред папараците. Друштво им правеше сестрата на Цеца, Лидија, која за разлика од нив, се одлучи за црн фустан.

Текстот Цеца и Анастасија во бели капути на модна ревија во Белград е превземен од Reporter.mk.