Цеца ќе живее сосе синот и снаата

Вељко Ражнатовиќ се ожени со Богдана Родиќ, лани во ноември . Двојката нaскоро ќе станат родители, а тој сегa открива како се чуствувл на свадбата и со кого ќе живее фолк пејачката.

„Сите кога ќе се омажат или оженат велат дека било магично. Јас навистина супер си поминав со своите најблиски, но мислам дека не сум толку емотивен. Сестра ми и мајка ми плачеа, мене ми беше преубаво и тоа е навистина најубавиот ден од мојот живот, но жените тоа го доживуваат поинаку“, рекол Вељко.

Вељко не крие дека едвај чека да дојде тој ден и открива како неговата сопруга се однесува како трудница.

„На тоа се радувам како мало дете. Отсекогаш сакав првото дете да ми биде машко. Анастасија отсекогаш имаше проблеми во животот. Се шегувам, нормално. Ме плашеа сите кога станува збор за трудници, но мојата жена е прекрасна и вистинска легенда, му благодарам на Бога“, рекол Вељко.

Тој открил и дeка во блиска иднина не планира да се отсели од домот на својата мајка Цеца.

„Со кој да ја оставам Цеца? Кога ќе се појави некој кој е  доволно маж да може со мајка ми барабар, јас тогаш ќе им дадам приватност ако сакаат, а до тогаш мајка ми ја чувам јас“, рекол синот на пејачката.

Текстот Цеца ќе живее сосе синот и снаата е превземен од Reporter.mk.