Цеца на тестирање, била во друштво со српска водителка позитивна на коронавирусот

Фолк -ѕвездата Цеца Ражњатовиќ е на тестирање за коронавирус, пренесуваат српските медиуми. Паниката е откако водителката Душица Јаковлевиќ била примена на Клиниката за инфективни болести и и било потврдено дека е позитивна на коронавирусот. Се зборува дека Цеца и нејзината ќерка биле пред четири дена заедно со Душица. Анастасија направила веќе тест кој е негативен, а сега резултатите ги чека и фолк ѕвездата. Пред три дена семејството беше во центрот на вниманието откако се породи снаата Богдана, а веќе вчера се пишуваше за тепачката на Вељко пред домот на Богдана, по што тој заврши во полиција.

Водителката на „Задруга„ позитивна на коронавирусот

Текстот Цеца на тестирање, била во друштво со српска водителка позитивна на коронавирусот е превземен од Reporter.mk.