Цеца Ражнатовиќ оваа година ќе прослави 30 години постоење на музичката сцена. Неодамна таа во едно интервју се присетила како во 1991 година направила пауза и одлучила да ги промени соработниците со кои дотогаш соработувала, , а во чиј период настанале хитовите „Цветак зановетак“, „Мики“ и други.
Цеца направила пауза од една година. Сакала да го промени тимот и да направи нешто поинакво.
„Дојдов до бројот на Марина Туцаковиќ, ѝ се јавив, беше доцна на пладне, зима. Реков: ‘Би сакала да разговарам со Марина’, ми рече: ‘Јас сум’. Реков:’ Цеца Величковиќ на телефон’, тогаш уште го имав тоа презиме. Имав 19 години. Марина ми рече:’ О, млада дамо, тебе те чекам веќе долги години и знаев дека ќе се јавиш кога тогаш’. Веднаш се договоривме да се видиме истата вечер. Дали верувате дека таа и Фута имаат цел албум направено за мене? Тоа е албумот „Шта је то у твоим венама“ – открила Цеца после толку години.
Вели дека за време на паузата, пред да се јави на Марина имала визија песните да и бидат со посилна порака.
„Веќе станав девојка, целосно сакав моите песни да бидат поинакви. Потоа дојде доработката со Марина Туцаковиќ и Фута и сите песни од нивниот албум беа хитови“, додала Цеца.
Песната „Кукавица“ ја одбележа нејзината кариера. И овој хит на Цеца има своја приказна:
„Работев на една турнеја на која учествуваа многу мои колеги. Беше од хуманитарен карактер, но и натпреварувачки. Каравнот патуваше секаде по нашите земји, а мене ми требаше нова песна, иако албумот само што ми излезе. Се мислевме, дали балада или нешто побрз ритам. Фута ми рече: ‘Имаме една песна за тебе, но многу пејачи ја одбија и никој не сака да ја сними’. Секако Марина тогаш беше во кујната зшто сето тоа се случуваше во нејзиниот стан.
Му рече:„Футо, немој тоа да го свириш без врска е“. Јас реков:„ Ве молам, сакам да слушнам што сте направиле, а дека е без врска, не можам да верувам“. И тој ми запеја дел од текстот, а јас веднаш реков дека тоа е лудило и дека токму таа песна е она што мене ми треба. Направивме аранжман и утредента ја отпеав песната за на крајот од неа да испадне вистинско ремек дело „, рекла Цеца за интервју за РТВ Нови Пазар.
Текстот Цеца: Ниеден пејач не сакаше да ја сними „Кукавица“ е превземен од Reporter.mk.