Цеца: Ниеден пејач не сакаше да ја сними „Кукавица“

Цеца Ражнатовиќ оваа година ќе прослави 30 години постоење на музичката сцена. Неодамна таа во едно интервју се присетила како во 1991 година направила пауза и одлучила да ги промени соработниците со кои дотогаш соработувала, , а во чиј период настанале хитовите „Цветак зановетак“, „Мики“ и други.

Цеца направила пауза од една година. Сакала да го промени  тимот и да направи нешто поинакво.

„Дојдов до бројот на Марина Туцаковиќ, ѝ се јавив, беше доцна на пладне, зима. Реков: ‘Би сакала да разговарам со Марина’, ми рече: ‘Јас сум’. Реков:’ Цеца Величковиќ на телефон’, тогаш уште го имав тоа презиме. Имав 19 години. Марина ми рече:’ О, млада дамо, тебе те чекам веќе долги години и знаев дека ќе се јавиш кога тогаш’. Веднаш се договоривме да се видиме истата вечер. Дали верувате дека таа и Фута имаат цел албум направено за мене? Тоа е албумот „Шта је то у твоим венама“ – открила Цеца после толку години.

Вели дека за време на паузата, пред да се јави на Марина имала визија песните да и бидат со посилна порака.

„Веќе станав девојка, целосно сакав моите песни да бидат поинакви. Потоа дојде доработката со Марина Туцаковиќ и Фута и сите песни од нивниот албум беа хитови“, додала Цеца.

 

Песната „Кукавица“ ја одбележа нејзината кариера. И овој хит на Цеца има своја приказна:

„Работев на една турнеја на која учествуваа многу мои колеги. Беше од хуманитарен карактер, но и натпреварувачки. Каравнот патуваше секаде по нашите земји, а мене ми требаше нова песна, иако албумот само што ми излезе. Се мислевме, дали балада или нешто побрз ритам. Фута ми рече: ‘Имаме една песна за тебе, но многу пејачи ја одбија и никој не сака да ја сними’. Секако Марина тогаш беше во кујната зшто сето тоа се случуваше во нејзиниот стан.

Му рече:„Футо, немој тоа да го свириш без врска е“. Јас реков:„ Ве молам, сакам да слушнам што сте направиле, а дека е без врска, не можам да верувам“. И тој ми запеја дел од текстот, а јас веднаш реков дека тоа е лудило и дека токму таа песна е она што мене ми треба. Направивме аранжман и утредента ја отпеав песната за на крајот од неа да испадне вистинско ремек дело „, рекла Цеца за  интервју за РТВ Нови Пазар.

Текстот Цеца: Ниеден пејач не сакаше да ја сними „Кукавица“ е превземен од Reporter.mk.