Цеца: Никогаш не се вратив на местото каде беше убиен Аркан

Српската пејачка Цеца Ражнатовиќза српскиот магазин „Скандал“, отворено говорела за моментите од убиството на нејзиниот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Пејачката вели дека по убиството, таа никогаш не се навратила во хотелот Интерконтинентал, местото каде бил убиен Аркан. Вели дека ниту таа ниту нејзините деца никогаш не зачекореле во тој хотел.

„Не, тоа не е место каде сакам да го минувам времето. Ниту моите деца никогаш повеќе нема да го посетат тој хотел. Ниту кој било од моето семејство. Тоа го сметам за гробот на Жељко“, вели Цеца за магазинот „Скандал“.

На 15.01.2000 година, околу 17 часот и 15 минути во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград, беше убиен српскиот генерал Жељко Ражнатовиќ Аркан.

По информациите на луѓето кои се наоѓале во негова непосредна близина за време на убиството, Аркан се наоѓал во во ресторанот, во хотелот заедно со неговиот телохранител Миленко Мандиќ. Во истиот хотел била и неговата сопруга Цеца која веднаш го однела во болница.

 

Цеца за српските медиуми говорела и за моментот кога нејзиниот син доживеал сообраќајна несреќа во Кипар, недолго по смртта на нејзиниот сопруг.

Таа вели дека во тој период ги доживеала најтешките моменти во нејзиниот живот. Вељко во сообраќајната несреќа се здобил со повреди и исекотини кои настанале од ударот на браникот на возилото.

„Најлошиот момент во мојот живот беше кога Вељко доживеа сообраќајка на Кипар, а јас не можев да стигнам до него. Ниту јас, ниту мојата сестра“, се потсетила Цеца.

„Цела вечер бевме на Скајп. Тоа беше страшно. Кога си мајка, а не можеш да бидеш со своето дете. Мојот брат Милан ми јави дека на Вељко му беа повредени рамото и вратот. Имал страшни исекотини“, вели Цеца.

 

Текстот Цеца: Никогаш не се вратив на местото каде беше убиен Аркан е превземен од Reporter.mk.