Цеца остана без својот домашен миленик

Фолк-ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ преку својот Инстаграм објави тажна вест за нејзиното куче Вито кое починало.

Цеца објави негова фотографија заедно со потресна порака со која ги известила нејзинте фанови за загубата.

Кучето на Ражнатовиќ било едно од неколкуте нивни домашни миленици. Тие ги гледале како членови на семејството.

„Збогум мили, најубав Вито“, напишала Цеца со фотографијата.

„Почина од рак на белите дробови. Имаше само шест години и направивме се за да го спасиме. Ништо не помогна. Само почна нагло да слабее. Неопишлива тага“, објаснила Цеца.