Цела ноќ служеа пијачки за децата со посебни потреби

Елена Ристевска, Дани, Весна Петрушевска , Билјана Петровска, Анкица Стојановска, Горан од Ар-ен-си бенд, Лена и Бојан Маротов, вчеравечер беа  келнерки и ги служеа гостите во познатиот скопски ресторан „Еквилибриум“. Цела ноќ наплаќаа пијачки и мезе, за оние кои дојдоа да ја поддржат хуманитарна акција, за децата со посебни потреби. Денес ќе се знае колку точно пари се соберени од вчерашната забва, односно 20 проценти од прометот и целиот бакшиш се наменети за децата, а парите понеделник ќе бидат  предадени.