Чарли Шин е очаен за пари, сака да го продаде домот за 8,5 милиони долари

Холивудскиот актер Чарли Шин поради финансиските проблеми во кои западнал, е принуден да ја продаде својата луксузна куќа во Беверли Хилс.

Актерот го продава својот дом за цена од 8,5 милини долари. Во прашање е имот кој се протега на површина од 827 метри квадратни, а вилата е изградена во медитерански стил.

Во куќата на Чарли има кинотека, седум спални соби, седум купатила, голема кујна, теретана и уште многу други луксузни работи. Надвор од вилата има изградено бар и два базена.

Чарло првично сакал да ја продаде куќата за 9,5 милиони долари, но поради тоа што немало заинтересирани купци, актерот ја намалил цената за еден милион. Досега не се јавиле ниту еден заинтересиран кандидат.

 

Текстот Чарли Шин е очаен за пари, сака да го продаде домот за 8,5 милиони долари е превземен од Reporter.mk.