Четирите ќерки на Брајант биле во хеликоптерот, тврди „Еј-би-си“

По веста за смртта на НБА легендата Коби Брајант, американската станица „Еј-би-си“ објави дека во хеликоптерот што падна во предградието на Лос Анџелес, биле и неговите четири ќерки, како и неговиот поранешен соиграч Рик Фокс.

Според извештајот на телевизијата во хеликоптерот биле ќерките Џана, Наталија, Бјанка и новороденото бебе Капри. Ова уште не е потврдено од другите американски медиуми, ни од сигурни извори. Затоа објавата на „Еј-би-си“ за смртта и на децата на Брајант предизвика револт на социјалните мрежи.

(Фото) Први фотографии од местото на несреќата во која загина Коби Брајант

Текстот Четирите ќерки на Брајант биле во хеликоптерот, тврди „Еј-би-си“ е превземен од Reporter.mk.