Членови на кралското семејство кои не се поднесуваат

Британското кралско семејство отсекогаш во јавноста негувало имиџ на иделано семејство. Сите членови се обидувале да живеат во вечна слога. Но, како и во секое друго семејство и кај кралското ни оддалеку ситуацијата не била идеална. Несогласувањата особено доаѓале до израз по пристигнувањето на новите членови во семејството.

Пристигнувањето на Меган Маркл во кралското семејство донел немир, а дали односите меѓу Меган и нејзината јатрва Кејт Мидлтон се затегнати и дали тоа предизвикало раскол меѓу браќата Вилијам и Хари, знаат само актерите во оваа приказна. Извори блиски до семејството кратко коментираат дека каде има чад, таму има и оган.

Зад заторените врати во Бакингемската и Кенсингтонската палата во која живеат помладите членови, понекогаш се случуваат вистински семејни драми. Иако дискреијата во нивните случаи е загарантирана, понекогаш до јавноста стигнуваат скандалите и несогласувањата.

Во последните децении, кралското семејство доживеало бројни драми, а некои нејзини членови ѝ до ден денес не ги имаат испеглано сите несогласувања во минатото.

Камила, војвотката од Корнвол и Кејт Мидлтон

И двете денес во јавноста делуваат како добри пријателки. Многупати на разни кралски настани биле фатени заедно како се дружат од објективот на папараците. Но, не било отсекогаш така. Авторот на книгата „Game of Crowns: Elizabeth, Camilla, Kate, and the Throne“, Кристофер Андерсон, открил дека Камила сакала Вилијам да раскине со Кејт, а наводно дури го молела и неговиот татко и сопруг, принцот Чарлс, да се вмеша и да му нареди на Вилијам да стави крај на врската.

На Камила наводно не ѝ се допаднало тоа што јавноста ја обожава Кејт, додека кон неа не била нималку благонаклонета. Извори блиски до семејството велат дека никој не бил посреќен од неа, кога Вилијам за малку фалело да ја прекине својата врска со Кејт Мидлтон.

Кралицата Елизабета II и Џејмс Мидлтон

Помладиот брат на Кејт, Џејмс Мидлтон наводно успеал да ја налути кралицата тоа поради зборовите изнесени во едно свое интервју. Џејмс им кажал на новинарите дека понекогаш е фрустрирачки да се биде брат на Кејт. Велел дека неговата работа е засенета од кралскиот статус на постарата сестра.

„И на страна фактот дека сум брат на некој многу важен, јас сум на крајот на краиштата само Џејмс“, изјавил помладиот Мидлтон.

Тоа интервју не ѝ се допаднало на кралицата, која не сакала кога членовите на кралското семејство или лица кои им се блиски, во интервјуата говорат за другите членови на бртианската монархија.

Сара Фергусон и принцот Филип

На многумина им е познато за нетрпеливоста на принцот Филип и поранешната снаа Сара Фергусон. Во пресрет на неодамнешната венчавка на принцезата Јуџин, двајцата повторно станале главна тема затоа што многумина се прашувале како ќе изгледа кога популарната Сара и поранешниот свекор ќе се најдат еден покрај друг.

На крајот, барем за јавноста, се повторно изгледало идеално, а ќерката на Сара имала и своја бајковита кралска венчавка, без ниту еден доживеан скандал.

Сара и принцот Ендрју ѝ по разводот во 1996 година останале во добри односи. Единствено принцот Филип не ѝ ја простил секс-аферата. Тензиите наводно почнале откако фотографиите од папараците на кои била Сара Фергусон, која имала афера со финансискиот советник Џон Брајан стигнале во јавноста.

За тоа се пишувало со месеци, а Сара и принцот Филип од тогаш се на воена нога. Дури се зборува дека не така одамна, неговата поранешна снаа, во пресрет на пристигнувањето на принцот Филип, морала да го напушти дворецот Балморал, каде се приклучила на семејството кое таму било на одмор.

Кралското семејство и семејството Спенсер

По трагичната смрт на принцезата Дајана, нејзиното семејство, Спенсер биле страшно гневни и навредени поради начинот на кој кралското семејство се однесувале со неа, дури ѝ по нејината смрт. Во говорот на погребот на Дајана, нејзиниот брат Чарлс Спенсер, го повикал кралското семејство нарекувајќи ја титулата на неговата сестра бизарна.

Изјавил дека на неа не ѝ била потребна кралска титула, затоа што била сакана низ целиот свет. Неговите коментари наводно длабоко ја вознемириле кралицата, која како што велат разни извори, била разочарана и тажба поради говорот.

Лорд Спенсер бил со останатите членови на семејството, на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, но интересно е дека на венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, семејството Спенсер седело покрај семејството на Мидлтон.

 

 

 

 

Текстот Членови на кралското семејство кои не се поднесуваат е превземен од Reporter.mk.