Членовите на „Црвена јабука“ го тужат Жера

Двајца поранешни членови на „Црвена јабука“, тапанарот Дарко Јелчиќ и гитаристот Златко Бебек, го тужат пејачот на групата, Дражен Жериќ – Жера, за неисплатени хонорари. Според нив, Жера не им исплатил пари за десетина концерти, пишува „Слободна далмација“.

„Вистина е дека започнавме судски процес против фирмата ‘МПБ Медиа’ поради неисплатените хонорари. Тоа е сè што можам да ви кажам во моментов“, рекол гитаристот Бебек за „Слободна далмација“, алудирајќи на фирмата која гласи на име на Барбара Жериќ, сопруга на Жера, а преку која се одвивале исплатите на членовите на бендот.

„Црвена јабука“ беше еден од најпопуларните бендови во поранешна Југославија. Нивните песни “Туга ти и ја“, „Има нешто од срца до срца“, „То ми ради“, „Дирлија“ и други и денес се хитови, а бендот и сега одржува концерти на целиот Балкан.

Текстот Членовите на „Црвена јабука“ го тужат Жера е превземен од Reporter.mk.