Чолиќ заљубен во мајката на Јелена Карлеуша

Српските медиуми пишуваат дека водителката Дивна Карлеуша, мајката на фолк-пејачката Јелена Карлеуша, била една од најголемите љубови на Здравко Чолиќ. Таа наводно му го скршила срцето на Здравко, оти нејзината мајка не ѝ дозволила на Дивна да се гледа со него, велејќи дека е женкар и дека не е доволно добар за неа.

Откако Дивна го оставила Здравко, на 19 години се омажила за тапанарот на групата „Проарте“, Драган Карлеуша, со кого ја добила ќерката Јелена.

Текстот Чолиќ заљубен во мајката на Јелена Карлеуша е превземен од Reporter.mk.