Дајте му „бубамара“ на Џамбазов за „Преспав“, бараат фановите

Пред годинашното издание на „Златна бубамара на популарноста“, што ја организира радио „Бубамара“ актерот и шоумен Игор Џамбазов се сети на времето кога доби награда на оваа музичко-хумористична манифестација. Тој на „Инстаграм“ сподели стара слика со „бубамарата“ што ја доби во 2016 година.

„Сеќавање 2016, ‘Златна бубамара’ за трајни вредности“, напиша Игор покрај фотографијата направена пред три години.

Неговите фанови и сега му честитаа за наградата, а некои му порачаа дека сега треба да добие нова „Бубамара“, овој пат за улогата во хумористичната серија „Преспав“.

Текстот Дајте му „бубамара“ на Џамбазов за „Преспав“, бараат фановите е превземен од Reporter.mk.