Даниел Крег се повреди на снимањето на новиот „Бонд“

Холивудскиот глумец Даниел Крег го повредил глуждот на снимањето на најновиот филм за Џејмс Бонд. 51-годишниот глумец снимал сцена на Јамајка, кога се лизнал и паднал, по што е однесен на лекување во Америка. Снимањето на филмот е одложено и засега не се знае кога ќе продолжи.

„Даниел беше подготвен за една од последните сцени во Јамајка. Тој трчаше, се лизна и падна. Изгледа многу го болеше и се пожали на глуждот. Од немоќ тој дури го фрли палтото на земјата“, рекол неименуван извор за „Сан“.

Даниел Крег е одведен во САД за да биде прегледан од истиот хирург што го лекуваше фудбалерот Хари Кејн. Засега не се знае дали глумецот го скршил, свиткал или го повредил глуждот. Поради инцидентот, снимањата што требаа да се завршат викендот во лондонските студија „Пајнвуд“ се откажани.

Ова не е прва повреда на Крег за време на снимање на филм од серијалот „Џејмс Бонд“. Тој самиот прави дел од акробациите, загуби два заба за време на снимањето „Казино Ројал“ во 2006 година. За време на снимањето на „Трошка утеха“ во 2008 година скина мускул на рамото и ги повреди ребрата. Во 2015 година додека го снимаше филмот „Спектар“, паузираше две недели за да може Крег да се оперира.

 

Текстот Даниел Крег се повреди на снимањето на новиот „Бонд“ е превземен од Reporter.mk.