Дарко Лазиќ и забранил на Ана Севиќ да пее

Ана Севиќ поранешната сопруга и колешка на Дарко Лазиќ, за време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“, изјави дека не го обвинува до таа мера поранешениот партнер што ја запоставила музичката кариера. Таа вели дека пред се се обвинува самата себе си што се оддалечила од музиката.

Севиќ ја немаше на музичката сцена подолг период. Таа воопшто не беше активна откако ја добија ќерката Лорен, а во меѓувреме Лазиќ доживеа и тешка сообраќајна несреќа. Изминатиот период се раширија разни гласини дека токму Лазиќ е причината поради која Ана прекинала да пее ѝ се посветила на кариерата на водител.

„Не ми бранеше до таа мера, но првично се обвинувам себе си“, кратко коментирала Севиќ.

Ана по разводот и тешката сообраќајна несреќа која ја доживеа Лазиќ, сега одлучи повторно да се посвети на музичката кариера. Таа сега објави нова песна која вети дека ќе биде голем хит. Во естрадните води Севиќ се пушти преку музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Во шоуто на Амиџи, Севиќ не сакала премногу да зборува за својот приватен живот, но сепак го спомена и својот поранешен сопруг, кој на крајот на минатата година дожива страшна незгода по која му беше загрозен животот.

„Фала богу одиме на подобро. Само со лесно“, изјавила Севиќ за здравствената состојба на Лазиќ.

 

 

Текстот Дарко Лазиќ и забранил на Ана Севиќ да пее е превземен од Reporter.mk.