Дарко Лазиќ ќе има проблем со говорот, велат лекарите

Дарко Лазиќ засега е во стабилна состојба во хируршкпото шок оделение во КБЦ „Земун“ . Но, лекарите и понатаму се загрижени.

На Лазиќ му е оштетено едното белодробно крило, има скршена бутна коска,скршена карлица преживеал тешки удари во глава, бубрезите не функционираат добро.

„Дарко Лазиќ и понатаму дише со помош на апарати и постои можност да остане без едно белодробно крило. Во случај на повреда на белите дробови, не постои доволно ефикасна хирургија со која тие може пак да се состават, туку повреденото ткиво се отстранува, но пациентот ќе може да живее без еден ден од белите дробови“, рекол извор во КБЦ Земнун, пренесе српски курир.

Изворот наводно објаснува и дека е прашање какви се повредите на главата, бидејќи тешките удари можат да доведат до привремено или трајно оштетување на способноста на препознавање, како и до проблеми со говорот.

Лекарите наводно велат дека неговото опоравување ќе биде доста тешко и бавно. Имено, кога Лазиќ ќе се опорави од повредите на главата и белите дробови, кога ќе се стабилизира работата на бубрезите, го чека најмалку една ортопедска операција, за да му се санираат скршениците на бутната коска, на карлицата, и најверојатно би се вградил вештачки колк. Тоа практично значи дека пејачот после излекувањето на повредите на коски наводно нема да може сам да се движи најмалку половина година.

Текстот Дарко Лазиќ ќе има проблем со говорот, велат лекарите е превземен од Reporter.mk.