Дарко Лазиќ шест години немал возачка дозвола, а зад воланот седнал пијан

Српскиот пејач Дарко Лазиќ, кој утринава доживеа страшна несреќа на автопат во Србија, шест години немал возачка дозвола, а во моментите додека возел бил во алкохолизирана состојба, пренесуваат српските медиуми.

Последните информации кои доаѓаат од српските медиуми говорат дека пејачот заспал зад воланот, во моментите пред да се случи несреќата. Лазиќ пред да влезе во автомобило бил на забава кај негови пријатели.

„Сообраќајката се случи рано утринава. Претходно, Дарко конзумираше алкохол во неверојатни количини и во алкохолизирана состојба седна зад воланот. Заврши како што заврши“, вели негов близок пријател за српските медиуми, кој сакал да остане анонимен.

Малку е познато дека Дарко воопшто не смеел да седне зад волан, затоа што фолк-пејачот веќе шест години не поседувал возачка дозвола. Да биде работата уште полоша за него, српскиот пејач во изминатиот период имал дури десетина сообраќајни незгоди.

Текстот Дарко Лазиќ шест години немал возачка дозвола, а зад воланот седнал пијан е превземен од Reporter.mk.