Дејвид Бекам љубоморен на згодниот Рајан Рејнолдс

Рајан Рејнолдс и Дејвид Бекам се вистински пријатели и досега неретко своите блиски моменти ги споделувале на социјалните мрежи. И двајцата водат речиси идентични живот. Имаат успешни кариери, убави жени и сјајни деца.

За многумина двајцата се голема инсипрација, а неодамна фановите имаа можност да видат колку актерот и поранешниот фудбалер се блиски пријатели.

Рејнолд во моментов снима акционен филм Underground 6, кој во кината би требало да се најде веќе од следната година. Тим по тој повод постираше на Инстаграм фотограифја во автомобил, додека покрај него седи камерманот. Ѕвездата од филмот Deadpool како и секогаш имал што да каже по повод оваа ситуација во која се најде, но коментарот на Бекам бил тој кој се нашол во центарот на внимание.

„Роберто и јас ќе се зовриеме живи. Ова повеќе не е автомобил туку џиновски капут направен од кожа, стакло и пазуви“, напишал Рејнолдс на фотографијата.

„Боже што си згоден“, напишал Бекам на својот добар пријател, а потоа следеле коментари од голем број корисници и фанови.

„Ти зборува експерт. Ако тој вели, тогаш така мора да биде. Застани во ред Дејвиде“, се некои од духовитите коментари на фановите.

Текстот Дејвид Бекам љубоморен на згодниот Рајан Рејнолдс е превземен од Reporter.mk.