Холивудската актерка Деми Мур (55) била жртва на голема измама, бидејќи и била украдена кредитната картичка.
Еден маж кој го сторил ова кривично дело, во март пријавил дека на актерката и била изгубена картичката. Кога новата картичка стигнала во банка, тој на некој начин успеал да дојде до неа.
Крадецот ја искористл картичката за шопинг и ја олеснил за 169.000 долари, или 144.000 евра! На крајот, крадецот е фатен, го признал делото и сместен е зад решетки.
Деми Мур не била достапна за коментар за ваквиот грабеж, пренесува ТМЗ.