Дениз Ричард прозборе за пропадната љубов со Чарли Шин

Актерката Дениз Ричард за бракот со нејзиниот поранешен сопруг Чарли Шин, напишала дека е една од најубавите љубовни приказни кои можеле да се случат, но и дека потоа следувал еден од најлошите разводи.

Дениз во филмскиот свет е активна од 1989 година. Иако за себе вели дека не остварила некоја завидна карира, сепак за многумина филмски критичари, таа била една од најсексите жените во Холивуд.

Дениз глумела во голем број холивудски филмови, но јавноста и таблоидите пред се ги интересираа нејзиниот брак со Чарли Шин. Дениз и Шин се венчаа во 2002 година, а се развеле четири години подоцна.

Двојката се запознала во 1991 година, за време на снимањето на еден филм, а се вериле во 2001 година. По половина година брак, Чарли и Дениз ги добија двете ќерки.

Во 2005 година, Дениз вели дека за прв пат го оставила Шин додека го чекале нивното второ дете. По краткиот прекин, Дениз се обидела да се смири и да му се врати на сопругот со надеж дека ќе ги решат проблемите.

Но по само една година, неможејќи да ги решат односите, таа ги потпишала документите за развод и побарала забрана за приближување на Шин, поради добиените смртни закани.

Дениз во тој период го нарекла Шин педофил, а го обвинила и дека е зависен од алкохолот и коцката. Нападите стигнале и од страна на Чарли кој рекол дека Денис е ужасен родител, а не ја поштедил ни нејзината мајка.

На суд се бореле и за старателството над нивните ќерки. По скандалите кои му се случија на Чарли во 2012 година и двајцата признале дека се смириле и дека ги заборавиле несогласувањата во минатото.

Дениз во своите мемоари во еден момент напишала дека имале прекрасна љубовна приказна, но и еден од најлошите разводи.

 

Шин подоцна признал дека бил неверен и дека го интересирале други девојки. Актерот признал и дека боледувал од ХИВ. Дениз била таа која се посветила на одгледување на нивните ќерки, а во 2011 година посвоила уште едно дете.

Подоцна се омажила, а иако на венчавката бил поканет Чарли Шин, актерот од непознати причини не се појавил.

 

Текстот Дениз Ричард прозборе за пропадната љубов со Чарли Шин е превземен од Reporter.mk.