Десет тешки повреди по сообраќајката на Дарко Лазиќ, состојбата се уште неизвесна

Пејачот Дарко Лазиќ, кој во четвртокот е опериран и на кој му е извадена слезината поради обилно крварење, ден подоцна се чувствува подобро, потврдила неговата мајка и брат но, се уште состојбата била неизвесна, пренесоа српските медиуми. Сепак, пишуваат дека мајката и братот, овој пат порасположени ја напуштие болницата и пред новинарите кажале дека нема да му биде ампутирана ногата.

Победникот на Ѕвезде гранда за 2009 година е тешко повреден во стравична несреќа која се случила во вторникот утрото кај местото Брестач во близина на Печинац.

Лазиќ управувал возило BMW, изгубил контрола, слетал од патот и се превртел на кров. Возел со брзина од 150 км/ч и имал 1,39 промили алкохол во крвта. При превртување пејачот се здобил со тешки повреди: потрес на мозокот, повредена кичма, хематом на лев бубрег, згмечени белодробно крило, пробиена дишна  марамица, скршени ребра, скршена бутна коска, повеќекратно скршени нозе, фрактура на карличната коска и извадена слезина. Лекарите кажаа дека ќе ву вградата вечтачки колк.

Текстот Десет тешки повреди по сообраќајката на Дарко Лазиќ, состојбата се уште неизвесна е превземен од Reporter.mk.