Девојката на Лео затаила данок од 30 милиони евра

Израелскиот модел и поранешна девојка на Леонардо ди Каприо, Бар Рафаели (33) од израелските власти е обвинета дека затаила данок од 30 милиони евра. На Рафаели ѝ се заканува затворска казна, а според судскиот извештај, на сослушувањето покрај затајувањето данок, е обвинета за перење на пари и кривоклетство.

„Таа веќе со години е под истрага. Приведена е на испитување пред четири години, но досега не била поднесена никакво обвинување“, пишува The Jerusalem Post.

Додека Рафаели се забавувала со Леонардо ди Каприо во периодот од 2006 година до 2007 година. Рафаел лажела за своето државјанство. На американските власти им рекла дека таа е жител на Израел, а на даночните службеници во Израел дека живее во САД. На тој начин успеала да затаи шест милиони евра.

„Тврдела дека живее со Леонардо ди Каприо во САД, а всушност живеела во семејниот стан во Тел Авив“, пишува магазинот.

Нејзините родители, Тципи и Рафи Рефаели, исто така се соочуваат со обвинувањата за перење пари и затајување на данок, кој го поврзан и со нејзиниот случај. Подоцна повторно ја направиле истата работа во периодот од 2009 година до 2012 година. Во тој случај заштедила 24 милиони евра.

Веќе повеќе од месец дена се зборува во јавноста дека треба да биде водителка на Евросонг 2019 година во Тел Авив, но поради случајот со затајување данок, би можела да остане без работа. Сепак Европската унија за емитување допрва треба официјално да ја најави домаќинката. Рафаели досега не се огласила да го коментира случајот.

 

 

Текстот Девојката на Лео затаила данок од 30 милиони евра е превземен од Reporter.mk.