Девојката на Ливаковиќ е двојничка на Меган Маркл

Фудбалскиот репрезентативец Доминик Ливаковиќ (23) е во врска со Хелена Матиќ (24), уметничка лизгачка. Судејќи според нивните фотографии на социјалните мрежи, нивната љубов цвета. Поради тоа што во моментов Ливаковиќ се наоѓа во Русија на Светското првенство, таа одлучила да му се приклучи и да го поддржи од трибините.

„Многу ми недостига Хелена кога сме разделени. Тоа се случува често поради спортските обврски кои ги имам. Иако не сме премногу заедно, многу работи ме врзуваат за неа“, изјавил Доминик за ИН Магазинот на почетокот на годината. По година дена откако ја започнале летната романса, истата ја имаат претворено во романтична и среќна врска.

Многу фудбалски фанови овие денови коментирале по социјалните мрежи дека изгледот на Хелена, неверојатно потсетува на британската принцеза Меган Маркл (36).

Девојката од Загреб слободното време го посветува на уметничко лизгање. Таа е членка во клуб за кого има одработено повеќе од 75 настапи. Има завршено гимназија, а во моментов студира на одделението за индустриски дизајн.

„Преку ден најчесто носам патики, само за излегување навечер носам високи потпетици“, изјавила Хелена.

Доминик и Хелена заедно патуваат низ светот со нивното куче Круз, сибирска хаска, за кое како што вели претставува како дете со кое заедно ги следи мечевите додека нејзиното момче е во Русија.