Димитров е маж со најдобар стил

Вчера на гала-вечерта што се одржа во “Тренд гастро бар“, беа избрани најуспешните мажи во Македонија за 2018 година. На гала-вечерта присуствуваа голем број јавни лица од бизнис-секторот, политиката и јавниот живот. Дест мажи добија признание дека се најуспешни. Специјалистот по детска хирургија, д-р Владимир Чадиковски, беше избран за маж на годината за 2018 година.

Д-р Владимир Чадиковски беше избран за маж на годината за 2018 година.

Во категоријата за маж со најдобар стил, наградата ја доби министерот за надворешна работи, Никола Димитров, а маж со трајни вредности е Трифун Костовски. За маж на годината на социјалните мрежи е Огнен Јанески. Менаџер на годината е Живко Мукаетов, а најмлад менаџер е Душко Чифлиганец. Маж странец во Македонија е амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп. Наградата за маж со најголем придонес во културата е режисерот Ѓорче Ставерски, а за маж со најголем придонес во спортот е ракометарот Кире Лазаров.

Трифун Костовски е маж со трајни вредности

Текстот Димитров е маж со најдобар стил е превземен од Reporter.mk.