„ДС Колектив“ промовира нов албум

„Јас сум, ние сме“ е новиот албум на Стефан Сајковски, познат како „ДС Колектив“. На промоцијата што се одржа во скопкото кафуле „Мартини“, освен албумот беше промовиран и спотот за песната „Повторно замина“, во соработка со Раде Кекеновски и Елена Васова.

„Би сакал да кажам дека ќе одморам, ама веќе од утре сме на снимање на нов спот. Имавме бурен период им благодарам на сите оние што се наоѓаат на овој албум и на сите што придонесоа сето ова да се случи“, рече Стефан на промоцијата.

Текстот „ДС Колектив“ промовира нов албум е превземен од Reporter.mk.