Дуа Липа ќе пее на референдумот во Скопје  

Познатата музичка ѕвезда Дуа Липа, неофицијално, ќе има концерт во Скопје пред референдумот на 30 септември. Пејачката наводно доаѓа како поддршка на Македонија во патот кон промена на името и евро-атланските интеграции и настапот е во пресрет на одржување на референдумот за промена на името на Македонија и влез во НАТО.

Преговорите за настапот на Дуа Липа наводно биле при крај, а во план е настанот да се случи неколку денови пред одржување на референдумот. Дуа Липа, која има потекло од Косово, е една од најпопуларните поп-пејачки во светот. Средствата за концертот ќе бидат обезбедени од албанската дијаспора.

Текстот Дуа Липа ќе пее на референдумот во Скопје   е превземен од Reporter.mk.