Дунавка му направи ќеф на Владо Јаневски

Македонскиот музичар Владо Јаневски го промовираше спотот за песната , „Главен град на тагата“. Тој е автор на песната за која вели дека со себе носи убави и позитивни емоции и дека е една урбана приказна. Покрај Владо, кој е автор на песната , аранжманот е на Роберт Билбилов и во продукција на Дарко Димитров. Во спотот се појавува и познатата манекенка и бизнисменка Дунавка Трифуновска, но и уште неколку манекенки. Видеото го режраше Бане Поповиќ а продукцијата е на Томато.Спотот е сниман во јуни во Скопје на неколу  локации преку кои се пренесува и летната атмосфера, љубовта и младешкиот дух со кои зрачи и песната.