Џаред Лето изнајми остров за журки во Хрватска

Холивудскиот глумец Џаред Лето и неговиот бенд „Трти секндс то Марс“ изнајмија остров близу Шибеник во Хрватска за да го организираат музичкиот фестивал „Марс ајланд фестивал“. Фастивалот ќе се одржи од 9 до 12 август, а Џаред Лето и членовите на бендот преку социјалните мрежи веќе неколку дена ги канат луѓето да им се придружат на журката.

Тридневниот билет чини од 900 до 5.600 евра и ги вклучува сите активности, сместување и храна. Посетителите ќе можат да уживаат во концерти на бендот, но и во масажи, јога, медитација и многу други активности.

Лето претходно „Марс ајланд фестивал“ го организираше во Калифорнија и фестивалот беше многу популарен во САД.

„Ќе биде неверојатно, местото е лудница“, им порача Џаред на своите обожаватели преку „Инстаграм“.

View this post on Instagram

PRE-SALE IN 6 DAYS!!! 🕺🏻🕺🏻🕺🏻

A post shared by JARED LETO (@jaredleto) on

Текстот Џаред Лето изнајми остров за журки во Хрватска е превземен од Reporter.mk.