Џастин Бибер побарал помош од свештеник поради состојбата на Селена Гомез

Џастин Бибер побарал помош од свештеник, откако дознал дека неговата поранешна девојка Селена Гомез доживеала нервен слом. Пејачот заедно со неговата сопруга Хејли Болдвин заминале во црква.

По разговорот, папраците го снимиле како плаче во автомобилот, додека неговата девојка го теши. Во медиумите одекна информацијата за Селена Гомез која беше хоспитализирана поради нервниот слом.

Нејзината емоцинална нестабилност беше поврзана со венчавката на Бибер со Хејли. Таа поради нејзината состојба беше однесена и во психијатриска установа.

Кога првпат била одведена во болница, Селена на „Инстаграм“ објавила дека некое време ќе се повлече од социјалните мрежи, а пред да го направи тоа, преку лајв видео им одговарала на прашања на своите обожаватели, поврзани со нејзиното ментално здравје и депресијата.

Текстот Џастин Бибер побарал помош од свештеник поради состојбата на Селена Гомез е превземен од Reporter.mk.